Полека почнува модернизацијата на доставата и во Македонија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Доставата и логистиката се клучни фактори за успешно функционирање на е-трговијата. Тие значајно влијаат врз задоволството на клиентите, оперативната ефикасност и вкупната профитабилност на бизнисите, се вели во Извештајот за е-трговија во Западен Балкан кој го изработи Асоцијацијата за е-трговија.

„Ефикасните логистички услуги се основата на е-трговијата, бидејќи ја поврзуваат онлајн трансакцијата со физичката достава на производите. Без добро организирана логистика, е-трговијата не може да напредува“, се вели во извештајот.

Во соопштението од Асоцијацијата за е-трговија се вели дека просецот на доставата вклучува повеќе чекори – обработка на нарачките, пакување, транспорт и испорака до крајната дестинација – и сите тие се од суштинско значење за обезбедување беспрекорно искуство за клиентите.

„Навремената и сигурна достава е клучна за исполнување на очекувањата на купувачите, додека транспарентноста и можноста за следење на пратките се високо ценети карактеристики на една достава. Како дел од Извештајот за е-трговија беше спроведена анкета на е-трговците од Западен Балкан, а резултатите покажуваат дека предизвиците се скоро исти за сите. Најголем предизвик е доставата и тоа во врска со брзината на доставата, високите цени, доверливоста на курирските услуги, ограничените опции за достава, како и ниското ниво на професионалност на кадарот на доставувачи. Нивото на професионалност е оценета со 3,92 за регионот, а македонските е-трговци го оцениле повисоко, со 4,55, на скала од 1 до 5“, соопшти Асоцијацијата за е-трговија.

И според податоците на Универзалната поштенска унија може да се види дека состојбата во оваа област во регионот е далеку од задоволителна, се додава во соопштението.

„Индексот за интегриран поштенски развој, кој ги мери факторите како поштена доверливост, опфатеност, релевантност и отпорност, покажува дека ниту една од земјите во регионот не достигнува високо ниво на поштенски развој. Во 2022 година, Србија се рангираше највисоко во регионот со оценка ПДЛ 7, додека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора останаа под ПДЛ 5, што укажува на значителни недостатоци“, се вели во соопштението.

Податоците на Светска банка за Меѓународниот индекс за логистички перформанси ги рангира земјите од Западен Балкан меѓу најслабите во Европа. Македонија постигна најдобри резултати во областа „Царина“ (43-то место глобално) и „Следење на пратки“ (46-то место), но, останува ниско рангирана во „Квалитет на логистика и компетенции“ (53-то место) и „Инфраструктура“ (55-то место). Србија и Албанија се со уште пониски оценки, што дополнително ги истакнува предизвиците во логистичкиот сектор.

„Резултатите од спроведената анкетата со е-трговците од регионот ја истакнаа доставата како нивен најголем предизвик. Предизвиците со доствата не само што го ограничуваат развојот на е-трговијата, туку и го намалуваат задоволството на потрошувачите и конкурентноста на бизнисите во регионот. За е-трговијата да се развива со побрзо темпо неопходно е да се вложи во модернизација на логистичките услуги и во подобрување на нивната достапност и флексибилност. Србија е најнапредна во регионот во однос на развиена out-of-home мрежа за достава, но позитивно е што веќе и во Македонија почнува полека да се модернизира овој сектор. Ако до сега единствен достапен начин на достава на производите беше до врата (home delivery), од неодамна започна поставувањето на пакетомати, кое го најавуваат како услуга повеќе компании, што ќе придонесе за развивање на out-of-home мрежата, а со тоа и развивање на е-трговијата“, вели преседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска.

Годишниот извештај од анализата за е-трговија беше традиционално презентиран на 7-та регионална конференција за е-трговија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article