„Македонија пат“ за сол и ризла годишно ќе троши по 1,3 милион евра

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За чистењето на снегот и мразот од патиштата и улиците во земјава зимава  државните институции досега само за сол и ризла потрошиле 3,569 милиони евра, наведува во последниот извештај Центарот за граѓански комуникации кој заклучува дека сумата ќе биде повисока бидејќи во тек се уште 13 тендери.

Според истражувањето, склучени се вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за патиштата. Вакви тендери имаат: Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, 38 општини, Градот Скопје и ЕСМ.

Најголеми се тендерите на јавното претпријатие за одржување на патишта, кое засега има склучено 3 двогодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно. Но сите три договори се за набавка на индустриска сол и ризла за патиштата. Јавното претпријатие сè уште нема склучено договор со некоја фирма за зимско одржување на патиштата, што значи дека патиштата треба да ги одржува со својата механизација.

Постапката за „ангажирање трети лица“ за зимско одржување на патиштата низ земјава е поништена во декември и веднаш е распишана нова со краен рок за доставување понуди на 10 јануари годинава.

Според податоците во истражувањето, 39 единици на локална самоуправа имаат склучено договори за зимско одржување, односно за набавка на механизација, сол и ризла за улиците и патиштата.

Од сите нив, најголем е тендерот на Град Скопје, кој за оваа намена годишно троши по повеќе од половина милион евра.

Покрај тендерот на Град Скопје, тендери за зимско одржување на улиците имаат и уште 8 други скопски општини. Најголемите се на Општина Центар – 116.000 евра и на Општина Гази Баба – 113.000 евра. Вкупно, овие осум општини исто така имаат повеќе од половина милион евра за чистење на снегот и мразот.

Од другите општини, највредни тендери за зимско одржување имаат Битола, околу 250.000 евра, Кичево – 134.000 евра, Центар – 116.000 евра, Гази Баба – 113.000 евра, Гостивар 96.000 евра и Струга 92.000 евра.

Кога станува збор за фирмите, најголем договор има фирмата „Лугос ЛЦ“ од Скопје, која со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта има склучено двегодишен договор за снабдување со индустриска сол за патиштата во вкупна вредност од 2,3 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Втора е фирмата „Нексос Инженеринг“ од Скопје со договорот од 1,55 милиони евра склучен со Градот Скопје за двегодишно ангажирање на специјални возила за зимско одржување на улиците.

Трета е фирмата „Анизор Драшко“ од скопското село Шишево која има склучено договори за зимско одржување со пет скопски општини во вкупна вредност од 342.000 евра.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување сигурно ќе биде и поголема ако се има предвид дека во тек се уште 13 тендери за оваа намена, чиј исход сè уште не е познат.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article