Полноќ погоди во неколку земји во Азија со огномет во Хонг Конг, Сингапур, Малезија и Филипини додека милиони се собраа од Пекинг до Куала Лумпур за да го прослават крајот на 2024 година и почетокот на 2025 година, објави Би-Би-Си.
Во пресрет на новата година во Кина, претседателот Си Џинпинг ѝ кажа на нацијата дека економијата е на „нагорна траекторија“ и упати предупредување до продемократските сили во самоуправниот Тајван по години на зголемени тензии.
Во Токио, луѓето се собраа во храмот Токудаи-џи за да се молитви за наредната година пред да се огласи ѕвоното на полноќ.
Во Тајван Нова беше пречекана со пиротехничко и светлосно шоу од познатиот облакодер Тајпеј 101, во Куала Лумпур Малезијците гледаа огномет од кулите Петронас, некогаш највисоката зграда во светот, а во Хонг Конг се одржа спектакуларен огномет во пристаништето, јави ДПА.
Новогодишните прослави во Јужна Кореја се откажани или прекинати по авионската несреќа во неделата на меѓународниот аеродром Муан.
Земјата влезе во период на седумдневна жалост откако 179 лица загинаа при уривање на Боинг 737 на Jeju Air на 29 декември.
Управата на Сеул соопшти дека традиционалното ѕвонење ќе се одржи, но без придружни програми и со едноминутно молчење поради трагедијата.
Според нивниот календар, Тајланѓаните во Бангкок го слават доаѓањето на 2568 година во 18:00 часот по средноевропско време.