Германската компанијата Герхарди (Gerhardi Kunststofftechnik), која покрај другото ја произведува „ѕвездата со три краци“ за Мерцедес, прогласи банкрот.
Во компанијата се вработени вкупно 1.500 луѓе, а според стечајниот управител, нивната судбина уште не е позната.
Герхарди е еден од најголемите производители на технички софистицирани пластични делови во Европа, според веб-страницата на компанијата.
Покрај локациите во Луденшајд, Алтена и Ибенбирен, Герхарди има и подружница во САД.
Компанијата има долга историја и е основана во 1796 година.
Оваа година, европските производители на делови објавија 53.300 укинување на работни места, повеќето од нив во Германија.