Кумановец чувал 2 елена во својата штала о кумановското село Тромеѓа. Полицијата му поднесе кривична пријава.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни и птици. Пријавениот, од непознато место и лице набавил 2 еленa од видот лопатар, кои ги сместил во штала во неговиот двор во селото Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување на таков вид диви животни“, соопшти кумановската полиција.