Захарова тврди дека НАТО планира Кишињев да биде логистички центар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Молдавија Маја Санду се подготвува за војна, додека НАТО се обидува да ја претвори земјата во о логистички центар за снабдување на украинската армија, обвинува Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за наворешни работи.

– Режимот на претседателката Маја Санду има намера да ја искористи енергетската криза во земјата и насилно да го реши прашањето за Придњестровје. Тие категорично ја префрлаат својата одговорност на Русија за запирање на испораката на гас и ја разгледуваат опцијата за насилно окупирање на молдавската државна електрана во Придњестровје – рече Захарова на брифинг со новинарите.

Таа рече дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да се приклучи во Алијансата.

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) претходно оваа недела предупреди дека Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, велејќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт.

Share This Article