Дајкон, односно, јапонската бело репа е сочна, крцкава и со поблаг вкус од нашите домашни ротквици. Можете да го најдете во повеќето од нашите маркети по многу прифатлива цена.
Изберете цврсти, мазни и тешки плодови со свежи листови. Плодовите од оваа репка чувајте ги во фрижидер, во пластична кеса, најмногу една недела.
Свежата ротквица не треба да се лупи. Доволно е добро да се измие и да се исече на тркалца.
Идеална е како ужина во секоја диета. Покрај корените се користат и листовите кои се богати со витамин Ц, бета-каротен, калциум и железо.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pexels