Повеќе од 157 милиони Американци купуваа подароци на „супер сабота“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во САД, божиќните празници пред сè се асоцираат со купување подароци и шопинг. Купувачката треска трае во деновите пред и по 25 декември кога се слави американскиот Кристмас (Christmas), најважниот празник во земјата.

Според неодамнешна анкета на Националната федерација за малопродажба (НРФ) се проценува дека околу 157,2 милиони потрошувачи биле на претпразничен шопинг само во саботата пред Божиќ, уште наречена и „супер сабота“. Тоа е околу 15 милиони купувачи повеќе споредено со ланската „супер сабота“.

-Супер сабота е една од последните можности потрошувачите да ги купат подароците и останатите артикли од својата празнична листа. Годинава, периОдот меѓу Денот на благодарноста и Божиќ е пократок и потрошувачите ќе ги посетуваат продавниците и ќе купуваат онлајн за да завршат со купување на последните подароци и да се искористат специјалните промоции и попусти – смета Кетрин Кален, потпретседателка на индустриските и потрошувачките прегледи на НРФ.

Со само четири дена меѓу „супер сабота“ и 25 декември купувачите можат да имаат повеќе начини да завршат со празничниот шопинг, се дознава од анкетата.

Годинава, 69,5 милиони луѓе планираат да купуваат лично во продавниците и онлајн, што е повеќе од 58,3 милиони кои што го правеле лани. Околу 49,4 милиони очекуваат да купуваат исклучиво во продавници –  лани таа бројка изнесувала 52,8 милиони, додека 38,2 милиони планираат да купуваат само онлајн, лани бројката била пониска односно 30,8 милиони.

Без разлика дали купувачите имаат планирана листа за купување или не, повеќето од нив сакаат да купуваат во последен момент, односно во деновите пред 25 декември, сметаат од НРФ.

-Како и минатата година, повеќе од половина од потрошувачите очекуваат да го завршат купувањето во неделата пред празникот Божиќ.

Главните дестинации каде потрошувачите планираат да завршат со купувањето се онлајн (49%), стоковни куќи (37%), дисконт продавници (27%) и продавници за облека (25%). Најчестите подароци што потрошувачите ги купуваат се облека (50%), играчки (32%), подарок-картички (26%), книги, видео игри и други медиуми (24%) и производи за лична нега или убавина (24%).

Слично како и лани, најголемиот дел од потрошувачите (71%) планираат да продолжат со шопинг веднаш по 25 декември. Главните причини за одење по продавници во текот на оваа недела е да се искористат празничните попусти и промоции, да се потрошат гифт картичките (26%) и да се вратат или  заменат добиените подароци и празнични артикли (16%).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article