Секоја божиќна сезона, Мараја Кери заработува огромни пари благодарение на својата хит песна „All I Want For Christmas Is You“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секоја божиќна сезона, Мараја Кери заработува огромни пари благодарение на својата хит песна „All I Want For Christmas Is You“.

Мараја ја напишала и продуцирала оваа песна заедно со Валтер Афансиеф, кој е познат и по неговата работа на хитот на Селин Дион „My Heart Will Go On“. Песната се најде на нејзиниот четврти студиски албум, воедно и нејзино прво празнично издание, под назив „Merry Christmas“.

Како што се наведува, Мараја и Волтер ја осмислиле и ја завршиле песната објавена во 1994 година, за само 15 минути. Оттогаш стана незаменлив дел од празничната атмосфера, со милионски прегледи и слушања секоја година

Оваа песна не само што е најголемиот хит на Мараја, туку се смета и за една од најпродаваните песни на сите времиња, со повеќе од 16 милиони продадени копии. Тоа го прави 12-ти најпродаван сингл во музичката историја и најпродавана божиќна песна во модерната ера, според „Селебрети нет ворт“.

Доколку се продадат правата на оваа песна, таа би можела да достигне од 30 до 40 пати повеќе од нејзиниот годишен приход. Само во декември, Мараја заработила најмалку 600.000 долари од оваа песна. Додека вкупниот годишен приход изнесува помеѓу два и четири милиони долари.

Во 2019 година, дури 25 години по објавувањето, песната за првпат се најде на врвот на топ листите на Билборд Хот 100, станувајќи хит со најдолго патување до врвот. Во 2020 година, исто така, го достигна врвот и на топ листите во Велика Британија, по рекордни 69 недели меѓу во 40-те најпопуларни песни.

Проценките велат дека Мараја од 1994 година до денес само од овој хит заработила околу 80 милиони долари, што значително придонесува за нејзиното вкупно богатство кое во моментов изнесува околу 350 милиони долари.

Share This Article