Обезбедени се услови за работа во македонската амбасада во Киев, Украина, која во петокот, на 20 декември беше оштетена од руски ракетен напад

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обезбедени се услови за работа во македонската амбасада во Киев, Украина, која во петокот, на 20 декември беше оштетена од руски ракетен напад.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за Плусинфо велат дека е во тек проценка на направената штета врз зградата, во која освен македонската, се сместени и амбасадите на неколку фруги држави.

– Паралелно со проценката на оѓтетувањата, се спроведуваат и неопходните градежни активности за санација. Трошоците за санирање на штетата се на товар на сопственикот на зградата – велат од МНР.

Во петокот МНР изнформираше дека зградата во Киев во која е сместена македонската амбасада е погодена во руски ракетен напад.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на амбасадата. Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, реагираше МНР.

Веднаш по нападот МНР го повика вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација, Сергеј Баздникин и му врачи протестна нота.

„На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија“, информираа од МНР.

Во саботата американскиот Стејт департмет го осуди нападот врз зградата каде се сместени дипломатските претставништва.

„САД го осудија вчерашниот руски ракетен напад на Киев во кој загина едно цивилно лице и беше оштетена зградата во која се наоѓаат неколку дипломатски мисии, вклучувајќи ги оние на Албанија, Аргентина, Чешка, Црна Гора, Северна Македонија и Португалија. Неприфатливи се какви и да било напади врз дипломати или дипломатски објекти насекаде низ светот. Ја потсетуваме Русија дека има обврски согласно меѓународното право, вклучувајќи ја и Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства против меѓународно заштитени лица“, напиша портпаролот Метју Милер на мрежата Икс.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article