Славниот актер заплака од среќа

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатиот холивудски актер Дензел Вашингтон се крстеше во саботата во храмот Кели во Њујорк и доби свештеничка дозвола. Пред самиот чин на крштевањето, 69-годишниот актер низ солзи рекол:

„За една недела ќе наполнам 70 години. Требаше малку време, но сега сум тука“, изјавил Дензел, пренесува магазинот „Пипл“.

Неговата изјава до медиумите ја пренесе надбискупот Кристофер Брајант, а ја објави „Пејџ сикс“.

„Ако Бог може да го направи ова за мене, не постои нешто што тој не може да направи за вас. Небото е буквално границата“, додал актерот.

Ѕвездата на „Гладијатор 2“ се крстеше во Њујорк. Добил и лиценца со која ќе може да врши функции како што се предавање за верувања, но и водечки услуги како што се свадби или крштевки.

Во меѓувреме се огласи и неговата сопруга Паулета Вашингтон, пресреќна што, нејзиниот сопруг, како што истакна, „го направил овој голем чекор во својата вера“.

„Четириесет и шест години подоцна, сè уште стојам покрај него, тоа го може само Господ“, рекла актерката која со Дензел ги има синот Џон (40), ќерката Катја (37) и близнаците Оливија и Малколм (33), додека нејзиниот сопруг седеше на скалите на проповедалницата, навидум бришејќи ги солзите.

„Многу сум горда на тебе. Ти си глава на нашата куќа и им даде одличен пример на нашите деца, кои сега се возрасни и ја знаат разликата, бидејќи ние им ја покажавме разликата“, рекла Паулета.

Дензел, кој беше облечен во сива маица и тренирки, позираше во свештеничка облека.

- Advertisement -
Ad image

Крштевањето на двократниот оскаровец се случи откако пред еден месец тој зборуваше за религијата во Холивуд.

„Кога ќе ме видите, ќе го видите најдоброто што можев да го направам со она што ми го даде мојот господар и спасител. Не сум исплашен. Не ми е гајле што некој мисли. Видете, зборувајќи за делот на стравот – не можете така да зборувате и да освоите Оскари. Не можете така да разговарате и да се забавувате. Не можете тоа да го кажете во овој град. Сега сум слободен. За ова во овој град не се зборува. За ова не се зборува, не е модерно, не е секси. Но тоа не значи дека луѓето во Холивуд не веруваат“, изјавил Дензел во интервјуто за „Есквајер“ во ноември.

Во таа прилика тој истакна и дека „во Холивуд не постои група на актери верници“.

- Advertisement -
Ad image

„Што воопшто значи Холивуд? За мене тоа значи улица наречена Холивудски булевар. Не е како сите да се среќаваме некаде и да разговараме за она во што веруваме. Така што не знам колку други актери се верници. Не правев анкета. Како би го дознал тоа? Мислам не постојат средби на актери-верници на кои сум присуствувал“.

Share This Article