Ако уживате во топла шолја млеко пред спиење, додадете му малку морско оревче. Не само што ќе ви помогне да се опуштите, туку и ќе го направи овој напиток исклучително здрав.
Се вели дека чаша млеко со морско оревче има смирувачки својства и ни помага да спиеме подобро. И не само тоа – млекото со морско оревче може да не ослободи и од анксиозноста и стресот и да помогне во варењето.
Својствата на морското оревче за ублажување на болката можат да ни го обезбедат многу потребниот ноќен одмор.
Мускатното оревче е зачин добиен од семето на дрвото Myristica fragrans и потекнува од Молучките острови во Индонезија. Вкусот на морското оревче е сладок, но и благо јаткаст. Често се додава во слатки и солени јадења, како и во печива и пијалаци.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pexels