Врие ли казанот на желби во Светиот Синод на МПЦ ОА, по смрта на митрополит Тимотеј? Најмалку шо очекувавме од високите свештени лица ,поточно од дел на архијерете беше, тоа да се воздржат до 40 дена од смрта на митрополит Тимотеј,но светиот Трон на Дебрско – Кичевска Епрхија,некој архијереј на МПЦ ОА , го осознал како да е преодреден за него !!!
Она што деновиве се случува низ Дебрско – Кичевска Епархија,каде некој лица за и во ие на владиката г.Партеније ,собираат некакви си потписи,за тој да бил наследник на светиот Трон на Дебарско – Кичевска Епархија,пред да се навршат 40 дена на митрополитот Тимотеј,преставува чин за осуда и надвор од сите вери и канони на црквата, но за тоа ,оставаме некој друг да суди!
Крајно е небитно дали зад владиката партение ќе застанат некакви си 10 или 20 илјади потписи на „верници“,кој ете се измачиле „верниците“ да ги собираат 40 дена , по системот – „Ајде потпише овде ако сакаш за поддршка на Партение“!,смешна и дегутантна формулација на фамозна молба за потпис од повеќе аспекти.
1.Тестаментот на починатиот митрополит Тимотеј,Светиот Синод на МПЦ ОА , ќе го отвори од како ќе се навршат 40 дена .Од таа гледна точка ,никој од Архиереите незнае ,која била последната волја на починатиот митрополити Тимотеј ,доколку во истиот тестамент посочл негова последна желба кој да биде на неговото место – Митрополит на Дебарско -кичевска Епархија.Доколку оставил аманет , тогаш Светиот Синод на МПЦ ќе мора да го почитува.
2.Црквата ,поточно Светиот архиерејски синод на МПЦ ,не одлучува по пат на доставени потписи од граѓани ,кој од нивните редови на Светиот Синод да постане Митрополит,а уште помлаку ќе се доведе црквата во ситуација да тера желботека во своите редови.Крајно ,црквата не е ниту политичка партија,да собираат одредени личности потписи и да прават некаква си фракција во црквата…
С.Денесовски