И ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДОКТОРИ ГИ ЛЕКУВААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО ГЕРМАНИЈА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори, Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на повредените луѓе во крвавиот терористички напад на божиќен пазар во овој германски град. Загинаа 5 луѓе, а над 200 се повредени, откако терорист со автомобил влета во толпа со голема брзина.

„Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.


Лицето кое синоќа со автомобил удри во толпа на божиќен пазар во централниот германски град, при што загинаа пет лица, а 200 беа повредени, како што објави полицијата, дејствувал сам.

Share This Article