Јавното претпријатие „Улици и патишта“ го осуди денешниот протест на синдикатот КСОМ пред просториите на Град Скопје, истакнувајќи дека протестот е политички мотивиран и неоправдан.
„Платите на вработените веќе се исплатени, па нејасно е зошто синдикатот протестира. За барањата за линеарно зголемување на платите и исплата на К-15 одлуките ги носи Управниот одбор, чиј состав е назначен од ВМРО-ДПМНЕ“, наведуваат од претпријатието.
Претпријатието ја повика јавноста да ги разгледа мотивите зад протестот, додавајќи дека претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, „треба да одговори зошто не се залага за правата на вработените во државното претпријатие Железници, каде самиот работи и каде платите доцнат со месеци“.
Од „Улици и патишта“ истакнуваат дека ова не е првпат да се користат протести како средство за создавање кризи во скопските јавни претпријатија.
„Целта е јасна – креирање на нови кризи во јавните претпријатија сè додека не се остварат нивните планови за преземање на контролата врз нив“, велат од претпријатието.