Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град.

Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на актуелните предизвици со недостигот на вода овие денови.

Знаеме дека водата е основна потреба за функционирање на здравствените институции, а Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, кој секојдневно се соочува со бројни пациенти, сега има огромна потреба од стабилен снабдувачки капацитет.

Кожувчанка и понатаму ќе продолжи да биде активно вклучена во иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата и секогаш ќе биде поддршка на здравствените институции во периоди на криза.

- Advertisement -
Ad image

Share This Article