More

    Путин сака силни гаранции за евентуален компромис со Трамп

    spot_img

    Рускиот претседател изјави дека е подготвен на компромис за Украина на евентуалните разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за завршување на војната и дека руските сили се сè поблиску до остварување на нивните главни цели на бојното поле.

    На прашањето што треба да му понуди на Трамп, Путин го отфрли тврдењето дека Русија е во слаба позиција. Всушност, рече тој, Русија стана значително посилна откако им нареди на своите војници да влезат во Украина во 2022 година.

    – Отсекогаш зборувавме дека сме подготвени за преговори и компромиси, но спротивната страна ги отфрли преговорите. А резултатите од преговорите секогаш се компромиси – рече Путин.

    Лидерот на Кремљ, одговарајќи на прашање дали научил нешто за себе за време на војната, одговори:

    – Сега многу помалку се шегувам.

    Путин порача дека „не ни треба прекин на огнот, туку постојан мир со гаранции за Русија“, велејќи дека „Украина регрутира кучиња на улица“.

    На прашањето што би направил поинаку ако има шанса да се врати во февруари 2022 година, кога Русија ја започна својата сеопфатна инвазија на Украина, Путин одговари:

    – Знаејќи што се случува сега, во 2022 година би помислил дека одлуката требаше да се донесе порано. Требаше порано да почнеме да се подготвуваме за тој развој и специјалната воена операција – додава тој.

    Традиционалното обраќање на Путин траеше 4 часа и 27 минути. Тој одговори на повеќе од 50 прашања, а Русите испратија повеќе од два милиони прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img