More

    Зеленски: За Украина е особено важно од почеток на следната година да постои единство меѓу САД и европските земји

    spot_img

    За Украина е особено важно од почеток на следната година да постои единство меѓу САД и европските земји, порача украинскиот претседател Володомир Зеленски пред почеток на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

    – Тоа е особено важно зашто тоа единство ни е потребно за да обезбедиме мир. Само заедно САД и Европа навистина ќе може да го запрат (рускиот претседател Владимир) Путин и да ја спасат Украина – изјави Зеленски при доаѓањето на Самитот во придружба на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

    Зеленски притоа се заблагодари за европската поддршка за украинскиот народ и го поздрави единството што постои во ЕУ по ова прашање, нагласувајќи дека со европските лидери ќе разговара за итните потреби на Украина во зајакнувањето на нејзината инфраструктура.

    – Наш врвен приоритет, и за тоа ќе разговараме денес, е заштита на нашиот енергетски сектор. Тука говорам и за сигурноста на нуклеарните централи што може да претставуваат опасност – не само за Украина, туку и за Европа – ако нешто тргне како што не треба, како и за заштитата на складиштата со гас кои исто така се важни и за Украина и за другите Европејци – рече Зеленски.

    Тој додаде дека, според него, потребно е и удвојување или зголемување, колку што можe повеќе, на украинското одбранбено производство од што зависи резултатот на бојното поле, како и обезбедувањето на сигурноста на училиштата, што е особено важно за украинските деца и за нивните семејства.

    Кошта од своја страна порача дека ЕУ мора да бидеме многу јасна дека Украина може да смета на нејзината целосна поддршка за што и да e и онолку колку што е потребно и сега во време на војна и во иднина, во услови на мир.

    – Би сакал еден ден да ѝ посакам (на Украина) добредојде како членка на Европската Унија – изјави Кошта.

    Тој потенцира дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува и да работи со Украина за да извојува таа победа во војната и да обезбеди сеопфатен, праведен и одржлив мир.

    – Оваа војна во Украина е против украинските граѓани, таа е на европска почва и ги крши универзалните принципи, наведени во Повелбата на Обединетите нации, како правото на самоопределување, правото на територијален интегритет и на безбедни граници. Затоа оваа војна не е само за Украина и не е само за Европа, туку е и за меѓународното право. Правото мора да надвладее и инвазијата мора да биде поразена – изјави Кошта.

    Тој нагласи дека денес повеќе не живееме во биполарен, туку во мултиполарен свет и затоа ЕУ треба „да гледа подалеку од Европа“, кон различните континенти, и да гради многу силна глобална мрежа со сите партнери низ светот – од Нов Зеланд до Бразил.

    – Тоа е многу важно за нашата заедничка иднина во мир и просперитет и за отстранување на заедничките глобални предизвици, како што се климатските промени, управувањето со океаните, развојот и изградбата на нова меѓународна архитектура – додаде Кошта.

    Зеленски учествува на делот од Самитот на ЕУ посветен на состојбата во Украина и треба да ги информира своите колеги за најновите случувања на теренот и за неговите ставови за тоа како Европа може најдобро да ја поддржи неговата земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img