Партнерката на познатиот српски актер Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, вчера славеше роденден. Таа објави неколку фотографии, а во нејзиниот и домот на Лазар, покрај накитената елка, имало и балон во форма на бројот 33.
На идиличната фотографија се гледа дека Лазиќ го прославила роденденот како што доликува, во друштво на познатиот драмски уметник.
Во описот на фотографиите кои ги објави, Аница напиша:
– Среќен роденден мене и на Бред Пит. Во благодарам на сите. Ве сакам сите. Ти благодарам, животе.
Таа ги сподели и честитките од нејзините пријатели и следбеници кои ѝ посакаа сè најдобро.