Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, помлад брат на славниот Миахел Шумахер, јавно призна дека е геј.
„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш сè“ – напиша Ралф покрај романтичната фотографија со неговиот партнер.
Претходно, Ралф 14 години беше во брак со Кора Шумахер, се разведоа во 2015 година. Кора и Ралф Шумахер се венчаа во 2001 година и го добија синот Дејвид, кој исто така се занимава со трки. По разводот Ралф и Кора наводно одржуваат блиски односи. Кора знаела за неговата сексуална ориентација и тоа било причина за разводот.
Кора е актерка, модел, тркачки возач и телевизиска водителка. Таа е ќерка на сопственик на бензински пумпи Герд Бринкман.