На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот Русија 24.
Според податоците на телевизијата, утринава до 9 часот по московско време, на телефонската линија се пристигнати 2.003.165 прашања, а приемот на прашања ќе продолжи до крајот на традиционалната телевизиска прес-конференција.
Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува денеска напладне по московско време.