Русија е подготвена да разгледа различни предлози од Соединетите Американски Држави со цел осносите меѓу двете земји повторно да се „нормализираат“, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков.
– Меѓутоа, Москва сè уште не добила одговор на нејзиното барање до Вашингтон да го одобри назначувањето на нов руски амбасадор во САД – додаде Рјабков.
Според него, руската страна сѐ уште нема информации кога Кит Келог ќе ја преземе функцијата специјален пратеник за Украина во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.