Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита – генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник – мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва.

„Како резултат на нашите заеднички оперативно-истражни дејствија со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, државјанин на Република Узбекистан, роден 1995 година, кој поставил импровизирана експлозивна направа во станбена зграда на Рјазански проспект во Москва, е идентификуваа и приведен”, соопшти ФСБ.

Според информациите од руските власти, осомничениот признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби.

„Му ветиле 100.000 долари и азил во земја на ЕУ, соопштија од прес-центарот на ФСБ Осомничениот е предаден на истражителите, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Share This Article