Мемоарите на Франциск откриваат опасен заговор против него

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Папата Франциск денеска наполни 88 години и ја одбележа приликата со откритие дека бомбашите самоубијци планирале атентат за време на неговта посета во Ирак, во 2021 година, меѓутоа напаѓачите биле убиени, објави Ројтерс.

Ова стана јасно од извадоци од автобиографијата која е на пат да биде објавена.

Италијанската „Кориере дела сера“ објави извадоци од книгата со наслов: „Надеж: автобиографија“, напишана заедно со италијанскиот автор Карло Мусо.

Франциск спомнува дека бил информиран од полицијата по слетувањето во Багдад, во март 2021 година, дека најмалку двајца познати бомбаши самоубијци биле насочени кон еден од неговите планирани настани.

„Жена, преполна со експлозиви, се упатила кон Мосул за да се разнесе за време на папската посета. И едно комбе тргнало со полна брзина, со истата намера. За среќа, ирачката полиција ги пресретнала и ги разнела“, се вели во извадокот од книгата.

Посетата на Франциск на Мосул беше клучен момент за време на неговото патување во Ирак. Вториот по големина град во Ирак беше под контрола на Исламска држава од 2014 до 2017 година. Папата ги посети урнатините на четири уништени цркви таму и упати апел за мир.

Автобиографијата на папата ќе биде објавена во повеќе од 80 земји следниот месец.

Share This Article