Сирискиот екс-лидер не планирал да ја напушти земјата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, наводно, рекол дека Сирија сега е во „рацете на терористите“. Изјавата, се чини, дека е негова прва изјава откако беше соборен од власт. Тој кажал дека неговото заминување од Сирија не било планирано и не се случило во последните часови од битката, спротивно на некои информации, пренесува Ал Џезира.

– Москва побара итна евакуација во Русија во недела навечер, на 8 декември – додаде Асад.

Во соопштението се вели и дека откако сириската престолнина паднала во рацете на бунтовниците, Асад отишол во руската воена база во провинцијата Латакија „да ги следи борбените операции“ и таму видел дека сириските војници ги напуштиле своите позиции.

Повикувајќи се на неколку високи сириски функционери, медиумите изминатиот викенд објавија дека неколку часа пред падот на Дамаск на 8 декември, Асад побегнал без да ги предупреди членовите на неговото семејство или најблиските соработници.

Поранешниот сириски претседател дури ѝ се јавил на својата советничка за медиуми во саботата вечерта за да ја замоли да му подготви говор, пред да се качи на авион од воздухопловната база во Дамаск за руската база во Хмејмим во западна Сирија.

– Тој си замина без да ги предупреди своите блиски соработници. Авионот го одвел во база во Москва – рекол советникот кој сакал да остане анонимен.

Изворот тврдии дека Махер, братот на Асад, кој командувал со Четвртата бригада, „за тоа дознал случајно додека го бранел Дамаск со своите војници“.

– (Братот на Асад) изгледа решил да побегне со хеликоптер во Багдад – додал изворот.

Асад вели дека неговото заминување „во никој случај не го намалува моето длабоко чувство за припадност кон Сирија и нејзиниот народ – врска која останува непоколеблива од каква било позиција или околност“.

- Advertisement -
Ad image

Тој изразува надеж дека Сирија повторно ќе биде слободна и независна.

Бунтовничката коалиција предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го собори Башар ал Асад од власт на почетокот на декември, а сменетиот претседател побегна во Русија заедно со своето семејство.

ФОТО: EPA/SANA

- Advertisement -
Ad image
Share This Article