Мелони е решена да се бори против мафијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Центрите за мигранти во Албанија ќе функционираат, дури и да морам да ја поминам секоја ноќ таму до крајот на мандатот на италијанската влада“.

Ова го изјави италијанската премиерка, Џорџа Мелони.

– Тоа е така бидејќи сакам да се борам против мафијата и ја молам целата италијанска држава, почитуваниот народ, да ми помогнат во борбата против мафијата. Јас не сум непријател, јас сум вистинската личност – рекла премиерката, јави АТА повикувајќи се на АНСА.

Главната работа, додала, е да се спречат ризиците бидејќи „нашиот договор со Албанија е она што најмногу ги плаши шверцерите со луѓе“, вели таа.

Деновиве поранешниот италијански премиер, Матео Ренци, остро ја критикуваше Мелони дека потрошила милијарда евра за формирање центри за мигранти во Албанија, што „никогаш нема да профункционираат”.

Затоа, тој предлага, тие треба да се трансформираат во затвори каде што ќе бидат префрлени 2 илјади албански осуденици од италијанските затвори, со што, според него, „ќе се заокружи неуспехот на Мелони“.

Share This Article