Американски граѓани со недели јавуваат за неидентификувани беспилотни летала над станбени области, заштитени подрачја и критична инфраструктура

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американски граѓани со недели јавуваат за неидентификувани беспилотни летала над станбени области, заштитени подрачја и критична инфраструктура.

Таквите сведочења извршија притисок врз федералните агенции да дадат повеќе информации за леталата, додека официјалните лица повикаа на смиреност и нагласија дека засега нема докази што би укажувале на закана за безбедноста.

ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХС) во четвртокот издадоа заедничка изјава во која се вели дека „во моментов нема докази дека пријавените видеа од беспилотни летала претставуваат закана за националната безбедност или за јавната безбедност“.

Претходно оваа недела, официјален претставник на ФБИ изјави дека бирото добило повеќе од 3.000 пријави од јавноста за овие упади, објави Си-Би-Ес њуз.

Постојат пријави за забележани дронови во најмалку шест држави: Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Пенсилванија, Масачусетс и Вирџинија.

Федералните власти употребуваат напредни системи за откривање дронови за да го решат овој проблем.

И покрај напорите, Доналд Трамп повика на итна акција, вклучително и на соборување на беспилотните летала, доколку нема повеќе информации.

„Мистериозни видувања на беспилотни летала низ целата земја. Дали ова навистина може да се случува без да знае нашата Влада? Не верувам! Известете ја јавноста веднаш. Во спротивно, соборете ги!“, објави Трамп на својата платформа „Трут сошал“ (Truth Social).

Share This Article