Претседателот на Киргистан Садир Жапаров го смени премиерот Акилбек Жапаров, јавува денеска руската државна агенција РИА, повикувајќи се на неименувани извори блиски до шефот на државата.
Садир Жапаров е на чело на владата на Киргистан од 2021 година, објави Ројтерс.
Поранешната советска република Киргистан се соочи со значителна политичка нестабилност од нејзината независност во 1991 година.
Економијата на земјата во голема мера зависи од дознаките од голем број работници вработени во Русија, кои сочинуваат 20 отсто од бруто домашниот производ на Киргистан.