Нервозен возач качи на хаубата од автомобилот неколку студенти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За време на протестите на студентите и оддавањето почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун, се случи инцидент кога автомобил покоси неколку граѓани.

Нервозниот возач кој се движел на улицата каде што биле студентите, откако тие не се тргнале да помине го засилил моторот и  понел на хаубата од својот автомобил неколку граѓани. Луѓето гласно протестирале и удрале во автомобилот кој со голема брзина се оддалечи местото.

 

– Денешните блокади се протест против нееднаквоста и правдата која отсутствува. Нашата борба продолжува, се додека не се постигне одговорност- изјави еден од студентските организатори.

Полицијата и властите во Белград продолжуваат со истрагата во врска со инцидентот, а јавноста останува со прашање кога ќе биде одговорено за трагичните настани во Нови Сад и дали ќе се преземат конкретни мерки за безбедноста на железничкиот транспорт.

Протестите беа организирани од страна на Зелениот левичарски фронт (ЗЛФ) и студентските организации, кои изразија незадоволство поради недостигот на одговорност и правда.

Во знак на солидарност со жртвите, активистите на ЗЛФ поставија блокада на Северниот булевар во Белград, која траеше 15 минути.

Share This Article