Истражувач на OpenAI, кој стана свиркач, беше пронајден мртов во неговиот стан во Сан Франциско, соопштија властите.
Телото на Сучир Балаџи (26) било пронајдено на 26 ноември, откако полицијата добила повик да ја провери неговата состојба.
Судскиот совет во Сан Франциско утврдил дека се работи за самоубиство, а полицијата не нашла докази кои укажуваат на кривично дело, се вели во соопштението.
Во последниве месеци, Балаџи јавно ги критикуваше практиките на OpenAI, која се соочува со неколку тужби поради нејзините методи за собирање податоци.
Во октомври, Њујорк Тајмс објави интервју со Балаџи, во кое тој тврди дека OpenAI го прекршил американскиот закон за авторски права за време на развојот на неговиот популарен чет-бот ChatGPT.
Во написот се наведува дека по 4 години во компанијата како истражувач, Балаџи заклучил дека „користењето на сопственички податоци од страна на OpenAI за развој на ChatGPT го прекршило законот и дека технологиите како ChatGPT му штетат на Интернетот“.
OpenAI тврди дека неговите модели се „обучени за јавно достапни податоци“.
Балаџи ја напушти компанијата во август, велејќи за Њујорк Тајмс дека оттогаш работи на лични проекти.