Тежок инцидент е снимен во Нови Сад, кога насилници со автомобил удриле едно од лицата што ја блокирале улицата во рамки на кампањата „Застани, Србијо“. Тие претходно се обиделе физички да се пресметаат со граѓаните, но како што покажува видео кое кружи на социјалните мрежи, биле претепани, објави српскиот портал Директно.
Граѓаните и денеска во 11:52 часот се собраа на улиците низ Србија за да им оддадат почит на 15-те жртви од падот на настрешницата во Нови Сад.
Инцидентот е снимен на улицата Футошка во Нови Сад, во кој возач удрил маж за време на блокада.
Тоа не било сè од инцидентите во овој дел од градот бидејќи од ова возило излегле неколку насилници и почнале да ги напаѓаат граѓаните кои мирно стоеле на улицата. Расправијата завршила со тепачка, од која насилниците излегле со искинати алишта.