Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ собори национален рекорд на Светското првенство во мали базени во дисциплината 400 метри слободен стил, што се одржа во Будимпешта, Унгарија.
17-годишниот пливач кој годинава настапи и на Олимписките игри во Париз, ја преплива делницата од 400 метри за 3:53.05 минути, со што успеа да го собори рекордот на Марко Блажевски за три секунди.
Овој резултат е и за девет секунди подобро време од тоа со кое Ѓуретановиќ бил пријавен за настап на Светското првенство во Будимпешта.
Во генералниот пласман, Ѓуретановиќ го освои 40. место од 49 пливачи во оваа дисциплина.
Златниот медал на 400 метри слободен стил го освои Австралиецот Илајџа Винингтон со време 3:35.89.