Масивен руски напад врз Украина, нападнат и со хиперсонични ками: „Непријателот продолжува со теророт“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во петокот наутро Русија изврши масовен напад врз Украина, лансирајќи серија проектили врз енергетската инфраструктура на Украина.

Украинскиот министер за енергија Херман Халушченко објави на Фејсбук дека енергетскиот сектор на Украина е под голем напад.

„Непријателот продолжува со својот терор. Енергетскиот сектор низ Украина повторно е под силен напад. Енергетските компании ги преземаат сите неопходни мерки за да го намалат влијанието врз електричната мрежа“, објави Халушченко, а пренесува „Украинска правда“.

Укренерго, државниот оператор на системот за пренос на електрична енергија во Украина, извести дека поради големиот ракетен напад врз енергетските капацитети, ќе има нови прекини.

За нападот зборуваше и Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи.

„Масовен руски ракетен напад врз Украина. Енергетската инфраструктура низ Украина е нападната од руски терористи. Така Русија води мировни преговори“, објави Герашченко на X, поранешен Твитер.

NEXTA објави дека е прогласена воздушна тревога во сите региони на Украина.

Воздухопловните сили на Украина известија за лансирање на беспилотни летала и проектили, вклучително и хиперсонична ракета Кинжал, пренесува NEXTA.

Share This Article