Денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Но, по тмурното утро, нè очекува сончев, топол ден, со мала, до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 во Берово до 0 степени во Охрид. Максималната температура ќе изнесува од 5 степени во Маврово, до 14 степени Целзиусови во Гевгелија.
И во Скопје денеска претпладне ќе има услови за магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност. Утрото ќе биде студено, со температура до минус 3 степени, а во текот на денот ќе достигне до 9 степени.
За време на викендот, во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе има и на некои од пониските места. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.
Температурите нема значително да се променат. Утринските нема да паднат под минус 5 степени, а деновите ќе бидат топли, со температури до 11 степени.
Од понеделник времето ќе биде сончево и променливо облачно, со температури до 15 степени Целзиусови.