Славнииот актер, холивудскиот заводник од 90-те години, Ричард Гир, ужива во љубовта со 34 години помладaта Алехандра Силва, а колку се грижи за сопругата покажува и фактот дека е подготвен целосно да го промени својот живот.
Гир никогаш не се воздржуваше да ја манифестира љубовта на јавни настани, а многу често разменуваше нежности со својата сакана додека папараците ги фотографираа.
Гир се преселил во родниот град на неговата сопруга, Мадрид, со што ја заменил Америка со Европа.
Папараците набрзо го фотографираа овој пар на улиците на главниот град на Шпанија, а според она што може да се види, животот во Европа навистина им одговара.