More

    Ќе му бидат одземени ли ингеренциите на сообраќајното претпријатие?

    spot_img

    Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.

    – Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не е единственото прашање кое во моментов предизвикува голгота за скопјани. Имаме проблем со Комуналната хигиена, со нефункционалноста на Паркови и зеленило, и за жал за првпат во историја со нефункционалноста на Водовод и канализација – посочи Ѓорѓиевски во одговор  на новинарско прашање пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

    Такво нешто, како што рече, досега не се случило во изминатите 30 години во државата.

    – Како Управен одбор на ЗЕЛС, до крајот на оваа година ќе имаме состанок со Владата и со претседателот на Владата и верувам дека и ова прашање ќе го отвориме, ќе разговараме за тоа, но подетални информации поврзани со тоа немам – рече Ѓорѓиевски.

    Прашан дали проблемите со донесувањето на буџетот на Град Скопје за 2025 година може да предизвикаат блокада и на останатите општини во градот, рече дека тоа прашање ќе се разгледа на денешното Генерално собрание на ЗЕЛС.

    – Арсовска во принцип од моментот кога е променета од позицијата Претседател на ЗЕЛС многу ретко, да не речам и никогаш не учествува во работата и функционирањето на ЗЕЛС и тоа е нејзина одлука. Но, денеска е присутен претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и секако дека ќе разговараме за тоа. Ќе барам од Славески да елаборира за состојбите и откако ќе ги добиеме сите релевантни информации соодветно ќе бидете информирани – рече Ѓорѓиевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img