Северен ветер ќе ја промени прогнозата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во утринските часови нѐ очекува променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХРМ.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 13 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 9 степени.

Во петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во сабота наутро ќе биде ведро и студено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Share This Article