Детали од бегството на сирискиот диктатор

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во неделата сирискиот диктатор Башар ал Асад им побегна на бунтовниците со авион во Москва, а сега во јавноста протече приказната за неговото бегство.

Додека неговите војници се повлекуваа и се облекоа во цивилна облека, судбината на Ал Асад беше во рацете на руските агенти. Владимир Путин решил да го спаси својот сојузник кога решил дека не може ништо повеќе да направи за да го поддржи неговиот режим, објави Блумберг.

Во критичен момент Русија успеа да го убеди Асад дека ќе ја загуби борбата против вооружените групи, предводени од поранешниот огранок на Ал Каеда (ХТС) и нему и на неговото семејство му понуди безбеден премин доколку веднаш ја напушти Сирија.

Руските разузнавачи потоа организирале бегство и го извлекле Асад преку нивната воздушна база во Сирија. Според луѓе, кои се запознаени со приликите во Кремљ, транспондерот на авионот бил исклучен за да се избегне следење.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори веднаш на барањето за коментар, а Путин исто така сè уште не го коментираше падот на режимот на Асад. Според упатените, тој сѐ уште се обидува да открие зошто руските разузнавачи не успеале навреме да ја забележат растечката закана за владеењето на Асад.

– Ова беше контрола на штетата. Многу е логично што Русите му рекле на Асад да се откаже зашто сака да избегне крвопролевање во кое ќе ја доживее истата судбина како Гадафи или Садам Хусеин, кои беа обесени во 2006 година по судењето – рече шефот на московската организација „Центар за анализа на стратегии и технологии за одбрана и безбедност – Руслан Пухов.

Руските власти беа изненадени од брзината на пресвртот во Сирија, иако се обидуваат да остават впечаток на ладнокрвност. Тие се плашат и за иднината на нивните две клучни воени бази во Сирија – пристаништето во Тартус и аеродромот во Хмеимим.

Руските државни медиуми инсистираат дека Асад е виновен за поразот, дека Москва го одржала зборот со тоа што не се откажува од него и дека сега треба да се фокусира на одржување на своите стратешки интереси во Сирија и поширокиот Близок Исток.

– Русија првично ги бомбардираше опозициските сили во обид да ги потисне, но бидејќи сириската армија пружи мал отпор кога бунтовниците го зазедоа градот Хама неколку дена по заземањето на Алепо, Кремљ заклучи дека не може да го заштити режимот кога бунтовниците го нападнаа стратешкиот град Хомс – изјави еден од изворите за Блумберг.

- Advertisement -
Ad image

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, разговараше за сириската криза со своите ирански и турски колеги во Доха еден ден пред да побегне Асад. Иран, како и Русија, беше близок сојузник на Асад и двете земји му помогнаа, во 2015 година, кога Путин испрати руски војници во Сирија за да му помогне на Асад да ги потисне бунтовниците што го опколија Дамаск.

Турција, пак, ги поддржа бунтовниците кои конечно успеаја да го соборат долгогодишниот сириски диктатор, поради што многу аналитичари наведуваат дека оваа земја е можеби најголемиот добитник во ваквиот развој на ситуацијата.

Share This Article