Целосно е уништен истражувачки центар на сириското Министерство за одбрана во напади од воздух, на израелските сили, врз Дамаск, соопшти сирискиот Центар за човекови права.
Сириската опсерваторија за човекови права објави дека „израелски воени авиони извршиле над 100 напади… вклучително и врз научно-истражувачкиот центар Барзех“.
Западните земји, вклучително и САД, го оштетија објектот во напади, во 2018 година, нагласувајќи дека е поврзан со сириската „инфраструктура за хемиско оружје“.