Натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул од 15. коло во Премиер лигата е одложен поради временските неприлики.
Натпреварот требаше да се одигра денеска, но тамошните метеоролози прогласија жолт аларм поради бурата Дара.
„Денешното дерби на Мерсисајд е одложено поради неповолните временски услови“, соопшти Евертон.
Пред натпреварите од 15. коло, Ливерпул води во Премиер лигата со 35 бодови. Евертон (14 бодови) е на 15. позиција.
фото: EPA-EFE/PETER POWELL