Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови, до 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег.
Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.