Литванија ќе поставува бетонски „змејски“ заби за да го сопре евентуалното доаѓање на руските тенкови, техника која ја користат руските сили против Украинците на фронтот во Украина. Земјата ќе потроши 12, 5 милијарди долари за изградба на засолништа до 2025 година. Таа е меѓу неколку земји во Европа кои предничат со подготовките за можна конфронтација со Русија.
Додека западноевропските земји како Велика Британија, Германија и Франција само да ја достигнат целта на НАТО од 2% од БДП, додека Естонија, Литванија и Полска се веќе многу над тој праг.
Русите се инфериорни, ама имаат масивна армија
НАТО се подготвува за две сценарија, тотална војна со Москва и посуптилни техники за дестабилизација. Според зборовите на Бруно Кал, шеф на германското разузнавање, Москва може да прибегне кон ограничена инвазија или да ги засили тактиките на хибридно војување за да ја тестира решителноста на алијансата.
Естонското разузнавање предупреди дека НАТО може да очекува „масовна советска армија“ во следната деценија доколку Русија успешно ја реформира својата војска. Иако таква армија би била „технолошки инфериорна“ во однос на НАТО, нејзината „воена моќ би била значајна“.
Огромни пари се трошат на подземни бункери
Балтичките држави потпишаа меѓусебни договори за зајакнување на заштитата на границите. Естонија најави изградба на мрежа од бункери. Полска, соочена со закани од Калининград и Белорусија, инвестира повеќе од 2,5 милијарди долари во проектот „Источен штит“, најголемата операција за зајакнување на нејзината источна граница од 1945 година.
Подготовките не се само воени. Шведска, Финска и Норвешка објавија водичи за граѓаните што да прават во случај на војна. Германија почна да прави список на засолништа за цивилна употреба, а Литванија подготвува 5.000 подземни објекти за сместување на граѓаните.
Балтикот и Источна Европа ја нагласуваат потребата од посилна воздушна одбрана. Унгарија веќе инсталираше системи за контрола на воздушниот простор во североисточниот дел на земјата, додека сојузниците на НАТО развиваат интегрирани системи за воздушна и ракетна одбрана, учејќи од искуството од руската агресија врз Украина.
Финска се спрема за најлошото сценарио
Финска сериозно се подготвува за најлошото можно сценарио. Земјата, која неодамна влезе во НАТО заедно со Шведска, дели 1.300 километри граница со Русија. Воените бази и стратешките објекти често се наоѓаат длабоко под земја, распоредени во облик на швајцарско сирење, со комплексна мрежа од тунели под Хелсинки.
Земјата нарачува нова опрема, модернизирајќи ја својата војска. Финска има задолжителен воен рок за мажи, што овозможува континуирана воена обука за новите регрути. Има 280.000 војници и 900.000 обучени резервисти, но во земјата живеат само 5,6 милиони жители.
Како Шведска ја преживеа Студената војна?
Во меѓувреме, странските инвеститори може да ја заобиколат Финска како локација за инвестирање поради геополотичката состојба.
Елизабет Брајв, експертка во Атлантскиот совет, меѓународна организација со седиште во Вашингтон, смета дека Финска треба да учи од искуствата на Шведска за време на Студената војна.
Шведска тогаш, според овој автор, ја ставила целата земја, вклучително и нејзиниот економски сектор, во воена готовност.
Околу 11.000 компании биле оценети како клучни за економијата на земјата. Шведската влада одржувала посебен однос со овие компании, дозволувајќи им да работат дури и во случај на инвазија.