Армијата на Асад ќе добие засилување против џихадистите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
ALEPPO, SYRIA - NOVEMBER 28: A view of damaged buildings and businesses following an attack by Russian warplanes on the towns of Daret Izzah and Atarib in western Aleppo province, northern Syria, which resulted in the deaths of 12 civilians and injuries to at least 30 others, on November 28, 2024. Izettin Kasim / Anadolu,Image: 940443964, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no
- Advertisement -
Ad image

Милициите, поддржани од Иран, влегле во Сирија во текот на ноќта, од Ирак, и се упатиле кон северна Сирија за да ги зајакнат силите на сириската армија кои се борат со бунтовниците, изјавија два извора од сириската армија за Ројтерс.

– Ова е ново засилување што се испраќа за да им помогне на нашите соборци на фронтот на север – изјави висок армиски извор.

Медиумите, кои го поддржуваат Асад во Сирија, цитирајќи го министерот за здравство, д-р Ахмед Дамирие, известуваат дека амбулантите и службите за итни случаи во Алепо ја продолжиле својата работа откако не работеле два дена по нападите. Тврдењата не се независно потврдени.

Во текот на ноќта, сириската национална новинска агенција објави дека телефонската мрежа во Алепо, која паднала во рацете на бунтовничките сили, „претрпела значителна штета и неколку централи излегле од функција“.

Иран беше клучен политички и воен сојузник на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна во неговата земја, но не беше јасно како Техеран ќе ја поддржи Сирија во последното разгорување.

Бунтовниците, предводени од џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, во средата започнаа напад врз Алепо и врз селата околу Идлиб, пред да тргнат кон соседната провинција Хама.

Во неделата, владините трупи создадоа „силна одбранбена линија“ во северниот дел на Хама и се обидоа да го запрат моментумот на бунтовниците, според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Руски и сириски воени авиони го нападнаа градот Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците, во неделата, на вториот ден од интензивното бомбардирање на северна Сирија. Целта на нападот е да ги потисне бунтовниците кои пробија до градот Алепо, соопштија сириски воени извори.

Share This Article