Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија, информира Јавното обвинителство.

е испитува и евентуално дали има мотив за подметнување на пожарите.

ЈО потврди дека еден од изгорените автомобили е во сопственост на јавен обвинител.

„Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, соопшти Јавното обвинителство.

Ноќеска во Куманово се случиле неколку пожари, во кои изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и два автомобили.

ДУИ реагираше дека пожарите се подметнати и ги оцени како тешки настани, дела од омраза и опасна криза.

Share This Article