Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека и денеска ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а наместа во западните и јужните делови пообилни со над 30 l/m.
На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини.