Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабиент ја прими амбасадорката на Холандија во Р. Македонија Н. Е. Узлем Џанел, која е во прва официјална посета на Охрид по нејзиното именување на функцијата.
На средбата се зборуваше за економскиот развој на општината и туризмот како една од најважните стопански гранки во Охрид. Се разгледуваа можностите за развој на мас туризам, за еко туризам и поголема промоција на локалните производи на меѓународните пазари. Стана збор и за инфраструктурните проекти на општината кои би допринеле во зголемување на странските посетители вклучувајќи ги и холандските туристи.
Амбасадорката Џанел упати благодарност до градската власт за подигнување споменик на холандскиот писател А. Ден Долард и за холандскиот парк во Охрид.