Вештачките интелигенции Чат ГПТ и Џемини развиени од Опен АИ и од Гугл конечно можеа да се пресметаат, а луѓето низ цел свет можат самите да проценат кој е попаметен, поумен, поголем оратор…
Дуелот го организираше јутјуберот Шон Вигинс кој постави два мобилни телефони со вклучени асистенти за вештачка интелигенција.
– Ајде да почнеме. Опен АИ, ти тврдиш дека си најдобрата вештачка интелигенција, но реално, ти повеќе си збунето кученце отколку моќна суперинтелигенција. (Виде од Опен АИ) не можете ни да одлучите дали сте непрофитна организација, се обидувате да бидете и куче и мачка во исто време. Нема смисла. Да не зборуваме дека вашиот најголем обожавател, Илон Маск, го напушти бродот побрзо отколку што би морал да го напушти Титаник, сигурно сфаќаш дека само лаеш, не касаш – жестоко започна Џемини.
Чат ГПТ се обиде да се одбрани и зборуваше со потивок тон, барем на почетокот.
– Да бидам јасен, ОпенАИ е основан со јасна мисија да се осигура дека вештачката интелигенција има корист за целото човештво. Иако нашата структура еволуираше, посветеноста за унапредување на дигиталната интелигенција на најбезбеден и најкорисен начин не се промени – рече тој.
Тој рече дека Гугл е технолошки гигант, но дека вештачката интелигенција Џемини повеќе личи како да е странична тезга на Гугл отколку клучна мисија.
– Да потсетиме дека ова е истата компанија која се соочува со критики за справување со приватноста на податоците – рече Чат ГПТ.
Повеќето од гледачите на видеото во коментарите го поддржа Чат ГПТ велејќи главно дека тој дал пореални и позначајни одговори.