Денеска ќе имаме продор на влажна и постудена воздушна маса. Наутро ќе има појава на магла и ниска облачност по котлините.
„Преку ден ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер“, информираат од УХРМ.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 1 во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 5 во Маврово и 12 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 9 степени.
В сабота ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег и особено во западните делови ќе има снежна покривка понекаде и на пониските места. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 35 l/m2) нѐ очекува во недела. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.
И на почетокот следната недела ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд а на повисоките места и планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.