24-годишната И.С. од Битола била уапсена од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Битола.
Младата битолчанка заработи кривична пријава бидејќи се сомничи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„И.С. во периодот од декември 2023 година во повеќе наврати набавувала кокаин и истиот го продавала на Г.Л., исто така од Битола. На 16 декември минатата година, во еден угостителски објект во Битола, полициски службеници го привеле Г.Л., заедно со лицето Ј.П. При прегледот на Г.Л., бил пронајден и одземен кокаин“, велат од полицијата.
Полицијата соопшти дека против лицата се преземени соодветни мерки, а истрагата продолжува.