Австралискиот Парламент прв во светот денеска го усвои законот за забрана на социјалните мрежи за деца на возраст под 16-години. Се очекува забраната да се однесува на Снепчет, Tик-Ток, Фејсбук, Инстаграм, Редит и на Икс, но таа листа би можела да се прошири.
Сенатот, на последниот ден од седницата во годината, ја одобри забраната за социјалните мрежи по неколкумесечна интензивна јавна расправа и по бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот беше образложен, имаше расправа за него и беше усвоен е во рок од една недела, објави Си-Ен-Ен.
Според новиот закон, технолошките компании мора да преземат „разумни чекори“ за да ги спречат малолетните корисници да пристапат до услугите на социјалните медиуми или ќе се соочат со казни од речиси 50 милиони австралиски долари (30,8 милиони евра). Тоа е најсилниот одговор досега на проблемот што доведе до тоа другите земји да воведат ограничувања, но не ги повикуваат компаниите на одговорност за прекршување на забраната, рече Си-Ен-Ен.
Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, им рече на пратениците дека „секоја сериозна влада“ се бори со влијанието на социјалните мрежи врз младите луѓе, а лидерите со кои разговараше ја поздравија иницијативата на Австралија за ова прашање.